ХОРИЗОНТАЛНИ МАШИНИ

автоматски системи за пакување на прехранбени и непрехранбени производи

FLOW-PACK МАШИНИ

Автоматски хоризонтални машини наменети за пакување на поединечни производи во кеси со 3 вара(лепења).

Во зависност од производите кои што се пакуваат машините се достапни во повеќе варијанти.

Машините имаат автоматски режим на работа контролиран преку PLC контролер преку кои се контролираат димензиите на пакувањето, температурите на лепење, брзината на пакување итн.

Машините се наменети за пакување на голема палета на прехранбени и непрехранбени производи.

Погледнете: ВИДЕО-1 ; ВИДЕО-2

UNIQUE

UNIQUE претставува одличен изум, необична flow-pack машина која што благодарение на нејзините одлични карактеристики и перформанси производите може да се пакуваат хоризонтално, дијагонално или вертикално.

UNIQUE е дел од палетата производи на италијанскиот бренд “ITALDIBIPACK” и претставува најново решение за пакување огромен број на прехранбени и непрехранбени производи.

Машината е опремена со најнова генерација на оперативен систем, со екран на допир кој што овозможува брзо и лесно поставување на работните параметри.

Начинот на работа на машината можете да го погледнете во следното ВИДЕО.

Avtomatska masina za formiranje i pakuvanje kancinja

автоматска машина за формирање, полнење и лепење на мали канчиња

Автоматска машина за формирање, полнење, лепење(затворање) и отсекување на мали канчиња во разна форма.

Машината е контролирана преку PLC контролер на кој се задаваат сите параметри за беспрекорна работа на машината. Управувана од серво мотор, со одлична прецизност и лесно прилагодување.

Дозаторот може да биде изработен за полнење на разни типови материјали со различна вискозност.

Оваа машина е погодна за пакување на разни производи во разни форми на канчиња како што се мед, крем, кечап, џем, течности итн.

ротациони машини за пакување на разни производи во канчиња

Автоматски и полу-автоматски ротациони машини за пакување огромен број на производи во готови канчиња.

Машините се погодни за пакување на мед во специјално дизајнирани стапчиња или канчиња, разни течности како што се вода, јогурт, сок, млеко, кафе итн.

Начинот на работа на машините се состои од дотур на канчиња (чашки), полнење на канче(чашка), поставување на капаче(фолија), лепење и изнесување на канче (чашка) од кружната маса.

Машините можат да бидат составени од различни сегменти, во зависност од производот кој што ќе се пакува. За подетални информации контактирајте не.

БОПАК ДОО

Кузман Јосифовски Питу 24/13 
Скопје, Македонија
Тел.  ++389 (0)2 2464403
          ++389 (0)2 2464052
          ++389 (0)2 2463011
Моб. ++389 (0)71 369808
Email: bopak@bopak.com.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Понеделник – Петок
08.00 – 16.00 
Сабота
09.00 – 14.00

Copyright © 2021 БОПАК | Сите права се задржани

mk_MKMacedonian