Лепилици, диспанзери, машини за термолепење на ПП лента, клешти за ПП и челична лента, машини за шиење вреки, клипсарици, хефталици, машини за лепење со селотејп итн.
УРЕДИ ЗА ЛЕПЕЊЕ НА КЕСИ
Бесконечни хоризонтални и вертикални термолепилки за затворање (лепење) на различен тип кеси (можност за ИНК датумар). Погледнете ВИДЕО-1 ; ВИДЕО-2
Клипсарицата е со Италијанско потекло и со висок квалитет. Има широка примена во врзувањто на различен тип на кеси и производи. Може да се примени за пакување на леб, овошје, зеленчук и огромен број на останати производи.
Мобилна полу-автоматска машина за хоризонтално и вертикално врзување палети со ПП Лента. Машината е опремена со телескопски носач за лесно врзување на палети со ПП лента и тркала за лесна манипулација низ просторот.
Автоматски машини со рамка за врзување со ПП Лента. Машините се опремени со челична работна маса за поставување на производ, со автоматско врзување управувано преку педала, копче или фото-ќелија која се наога на работната маса.
Машината за термолепење на ПП лента е прифатлива и компактна полу-автоматска машина за врзување со ПП лента. Таа е дизајнирана за општа намена и може да исполни различни барања.
Пневматска ножна хефталица. Оваа хефталица е наменета за континуирана употреба во индустријата и одделенијата за пакување. Хефталицата има вграден пневматски уред и брзината на хефтање е значително поголема од механичката варијанта.
рачна пневматска хефталица
Рачна пневматска хефталица. Оваа хефталица е наменета за континуирана употреба во индустријата и одделенијата за пакување.
Машини за автоматско затворање(лепење) на картонски кутии со селотејп. Истовремено лепење на горниот и долниот дел од кутијата. Можност за поставување во автоматска линија без потреба од оператор поради пневматскиот уред за автоматско затворање на капаците на кутиите.
Оваа машина за ултра-звучно лепење е дизајнирана за лепење на капачиња со алуминиумска фолија за пластична и стаклена амбалажа. Машината е лесна за употреба и има можност да работи во автоматски режим. Висината и брзината на лепење е прилагодлива во зависност од тоа каква амбалажа се користи.
Индустриска машина за шиење на вреќи. Идеална за шиење на хартиени, картонски, памучни, ПЕ/ПП – предени материјали како и други видови на материјали предвидени за производство на вреќи.
Полу-автоматски машини за затворање на разни видови капачиња. Машините имаат можност да бидат вградени на транспортна трака и да бидат составен дел од автоматска линија.
Машината за врзување со хартија е тип на машина која што може да биде поставена на било која маса и е идеална поради тоа што зафаќа многу мал простор. Главно се користи за врзување на банкноти, визит карти, мали кутии или други текстилни производи.
Машина за пакување разни производи во мрежа и врзување(затворање) на истите со клипси. Благодарение на лесниот дотур на материјалот во вреката и автоматското затворање на истата со клипси, машината е многу лесна за манипулирање и употреба. Голема примена во областа за пакување на овошје и зеленчук.
Технички карактеристки: Греачи: 2ком. (горна и долна страна) Должина на греачи: 350mm ; 650mm Ширина на вар: 7mm Регулација на термолепење: 0,24 – 2,5sec Начин на работа: со педала
Технички карактеристки: Греачи: 1ком. (долна страна) Должина на греачи: 100mm ; 200mm ; 300mm ; 400mm ; 500mm Ширина на вар: 2mm – 5mm Регулација на термолепење: 0,24 – 2,5sec